Од вкупно 200 војници кои Словенија ги побарала како помош при справувањето со последиците од поплавите преку механизмот на НАТО за кризни ситуации од земјите членки, македонското министерство за одбрана одлучило да обезбеди 100 војници.

– Изминатиот период жалам што трагедијата во Словенија се користееше за лаги, дека доцниме со помош. Не сакавме да правиме пи-ар. Од првиот момент кога се случи трагедијата во Словенија, веднаш стапивме во контакт со словенечката влада и ппонудивме помош.

Тие преку механизмот за помош и поддршка на НАТО во кризни ситуации побараа 200 војници и затоа вчера веднаш изреагиравме. Денеска на седница на влада ќе ја донесеме одлуката за заминување на 100 војници кои ќе тргнат најрано утре сабајле за Словенија.

Побарани се и други материјални и технички средства кои не сме во можност да ги доставиме – рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска.