Министерството за правда упати дописи со барање за номинација на членови и експерти, кои можат да се пријават и да бидат дел од работната група, која треба да ги утврди амандманите за промена на Уставот.

Македонија ги започна подготовките за промени во Уставот, со кои Бугарите ќе станат дел од него. За Бугарија нема место во овој процес, бидејќи Уставот е внатрешно прашање.

Рокот што им го дале за да предложат експерти е до 10 април. Според претседателот Стево Пендаровски, целиот процес треба да заврши пред летото.

Од опозиската ВМРО-ДПМНЕ, пак нудат „консензус околу хрватскиот модел“, а подготвени се и за лидерска средба.