Министерството за социјална политика, демографија и млади го организира исплаќањето според азбучен ред
Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска започна со исплата на паричните права за месец јули 2025 година. Исплатата се однесува на парични права од социјална, детска и цивилна заштита за сите корисници.
Корисниците кои поседуваат дебитна картичка можат од денеска, 6 август 2025 година, да подигнат готовина од банкоматите, да плаќаат безготовински во продажните места или преку електронско и мобилно банкарство.
За корисниците без картички, исплатата ќе се изврши во две групи, според азбучниот ред на презимињата:
– 06.08.2025 година – за презимиња почнувајќи од А до Љ;
– 07.08.2025 година – за презимиња почнувајќи од М до Ш.
Овој распоред е воведен за да се избегне гужва и метеж пред и во банките.