„Било каде и да отидете ќе ја слушнете и ќе видите разликата со спортските сали како било претходно и како е сега“, рече Борко Ристовски при денешното гостување на Радио Лидер откако презентираше дека министерството за спорт има висока реализација на клучните проекти.

Тој се осврна на изградбата на базените по прашање од гледач на емисијата.

Изградбата на базенот во Струмица е во почетна фаза. Шест базени се во завршна фаза. Во Кисела Вода го завршивме базенот и го предадовме базенот на Општината. Сега набргу ќе има пуштање на базенот во Штип, па во Битола, па Кичево, па Ѓорче Петров, па Карпош, рече Ристовски.

Тој вели дека претходната власт воопшто не работела на проектите кои ги започнала па базените стоеле запоставени.

Некој базен досега бил готов 20 отсто, некој 30 отсто. За една година завршивме шест базени. Не разбирам која им била идејата. Тие средства не се мои туку на дражвата, па треба да чувствувате некаква одговорност. Откако ќе ги завршиме овие ќе размислувам за другите.

Како дел од досегашниот успех на минситерството за спорт под водство на Борко Ристовски реконструирани се 30 спортски центри и мултифункионални игралишта низ цела Македонија. Меѓудругото обновени се терените на одморалиштето на МВР во Пониква и во Свети Николе.

Комплетна реконструкција имало и на атлетски патеки. Лани во 2024 година министерот Ристовски завршил со реалзација од 98,3 отсто.