Блокада на превозниците од Балканот за сторгите правила во Шенген зоната

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора во периодот од 26 до 30 јануари, ги блокираа премините за товарен сообраќај поради строгите правила на ЕУ за престој во Шенген зоната. Тие ги прекинаа блокадите на товарните премини откако Европската комисија почна да ја разгледува можноста за воведување специјални визи за професионалните возачи на камиони, што би им овозможило да останат подолго во земјите од ЕУ и непречено да ја извршуваат својата работа.

Во предложената стратегија на Европската Унија за визи, чија работна верзија беше презентирана на 29 јануари во Брисел, се наведува дека професионалци од трети земји, како што се возачи на камиони, уметници на турнеи, спортисти кои присуствуваат на спортски настани, експерти кои работат на прекугранични проекти, работна сила што ги поддржува индустриите и услугите на ЕУ, имаат потреба да останат во ЕУ подолго од дозволениот лимит, без намера за трајно населување.

Новиот систем за влез и излез кој е проблематичен за превозниците, строго го ограничува престојот на возачите од земјите надвор од ЕУ на 90 дена во период од 180 дена, па поради природата на нивната работа, професионалните возачи многу брзо го достигнуваат овој лимит, по што им се заканува депортација или забрана за влез во ЕУ.

За решавање на овој проблем работеше министерството на транспорт кои со низа дипломтаски средби го решија овој проблем. Повеќе може да прочитате од веста во продолжение.

РЕШЕН ПРОБЛЕМОТ СО МАКЕДОНСКИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕУ: Огромна победа на Николоски, економијата нема да колабира – протестите вродија со плод!

Утрово од Минситерството за транспорт повторно се огласија на некои шпекулации кои се појавија по српските медиуми за наводен „катастрофален состанок“ со ЕУ.

Министерството за транспорт со демант – Македонија продолжува со дијалогот за превозниците

Во дијалог со Европската Комисија се операционализираат решенијата соодветно на барањата на македонските превозници

Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната би сакале да информираме дека во координација со Европската Комосија се работи на трајно решение.  Ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде трајно решение.
Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи.
Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем.
Дијалогот со Европската Комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија. Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни.
Како Министерство апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот. Особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение.

(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ ВО ЗАГРЕБ: Силна поддршка на Хрватска за македонскиот евроинтегративен процес и зајакнување на економските односи меѓу двете земји

На што се должи демантот?

Ваквиот демант на Министерството за транспорт следува по вчерашната изјава на претседателот на деловното здружение „Меѓународен транспорт“ Неѓо Мандиќ за „Танјуг“ кој рече дека состанокот со ЕУ бил катастрофален и останало да важи правилото 90/180.

„Последниот состанок со нив беше катастрофален. Не прифатија ништо што предложивме, само рекоа – вклопете се во правилото 90/180, поинаку не може“, изјави Мандиќ.

Тој не ја исклучи можноста за нови блокади.