Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска објави дека општините, без оглед на политичката припадност на нивните градоначалници, активно учествувале добивање на проекти финансирани од Владата на Северна Македонија. Во рамките на ова министерство и за овие проекти апликации поднеле и општини како Арачиново, Кичево, Липково, Врапчиште и Шуто Оризари, кои се под раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Европскиот фронт.
Министерството за животна средина: Финансирање на проекти добија и градоначалници на ДУИ и Европскиот Фронт, фокус на доброто на граѓаните, а не на партиската припадност
М
Министерството за животна средина и просторно планирање објави дека општини како Арачиново, Кичево, Липково и Врапчиште добиле проекти во рамките на владините иницијативи, без разлика на партиската припадност на градоначалниците. Со продолжување на рокот за аплицирање, општините имаат повеќе време да подготват квалитетни и успешни проекти за граѓаните. Министерството нагласи дека фокусот е на решавање на проблемите на локалното население и подобрување на стандарот на живеење, без оглед на политичките разлики.