– Имаме јасен мандат од лидерите на ЕУ да ги искористиме сите наши алатки за да се справиме со кризата. Европската комисија претстави пакет мерки, сега мора да ја продолжиме оваа работа. Треба да ги заштитиме нашите потрошувачи и бизниси, рече таа, без да презентира конкретни мерки против кризата.

Еврокомесарката појасни дека во декември ЕК ќе претстави стратегија за премин од природен гас на водород, јави Бгнес.