Трагичните вести кои пристигнаа од Италија за смртта на Мино Рајола се неточни. Експресно пристигна демант за сите написи на светските медиуми кои се простија од агентот.

Најпознатиот менаџер во светот на фудбалот беше прогласен за мртов на 54-годишна возраст. Веста ја проследија сите светски медиуми од Италија, Шпанија, Германија, Франција… Се говореше дека тој починал поради болест на белите дробови, но…

Семејството на Мино Рајола се огласи на оваа тема, има поставено и „твит“ на официјалниот канал на агентот на социјалната мрежа „Твитер“.

Наводно, Рајола има проблем со белите дробови и лекарите работат на подобрување. Ситуацијата е критична, ама Италијанецот кој е роден во Салерно не е мртов, пишува гол.мк.