Најавата за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде сериозен импулс за македонската економија. Со пристап до поголеми пазари, поттикнување на извозот и привлекување странски инвестиции, нови работни места. Ова го оценува во изјава за МИА поранешниот министер за финансии Кирил Миноски.

Екс министерот со позитивна оценка за договорот со Обединетото Кралство

Според него, овој договор може да биде вистински чекор напред во меѓународниот имиџ и економската иднина на Македонија. Миновски укажува дека Македонија како мала држава и економија, мора да гради стратешки сојузништва. Со земји кои имаат капацитет да влијаат врз светските текови на политика, економија и безбедност.

– Една од тие земји е и Обединетото Кралство, кое, по излегувањето од Европската Унија, сè повеќе го пренасочува својот фокус кон билатерални односи.  Особено во региони од стратешко значење како што е Западен Балкан. Обединетото Кралство станува сè поважен партнер за нашата надворешна политика. Историски, Велика Британија има континуирано присуство и интерес во регионот на Балканот. Најавата за стратешко партнерство, особено ако се потврди и најавениот инвестициски пакет од 5 милијарди фунти. Како и соработката во трговијата, инфраструктурата, енергетиката, доброто владеење и борбата против организираниот криминал, би претставувала сериозен импулс за македонската економија, вели Миноски за МИА.

Од економски аспект, пристапот до поголеми пазари е особено значаен. Велика Британија е водечка земја во Комонвелтот. Тоа  отвора можности за поттикнување на извозот и привлекување на странски инвестиции. Веќе имаме позитивен пример во компанијата „Џонсон Мети“. Таа е еден од најголемите странски инвеститори во Македонија, како и присутност на британски компании во рударството.

Стратешко партнерство со Обединетото Кралство – нов мотор за развој и меѓународна стабилност

Нови работни места, зголемени инвестиции и долгорочен економски бенефит со Договорот за стратешко партнерство

Според Миновски, постојат сериозни потенцијали и во други сектори. Тоа се земјоделството, автомобилската и одбранбената индустрија, ИКТ услуги, финансискиот сектор и логистиката. Инвестициите во железничката инфраструктура, особено поврзани со модернизацијата на Коридорот 10, што се најавени со договорот, потенцира дека се клучни за долгорочната економска одржливост.

– Заокружувањето на Коридорите 8 и 10 – и патната и железничката инфраструктура посочува дека би придонело не само за регионалното поврзување. Ќе има раст на домашниот бруто-производ преку зголемена потрошувачка и вработување.  Во делот на енергетиката Велика Британија е глобален играч. Може да биде важен партнер и во изградбата на капацитети како хидроцентралата „Чебрен“.  Но и во развојот на обновливи извори на енергија и евентуално мали модуларни нуклеарни реактори. Обединетото Кралство е светски лидер во финансиските услуги и проектниот менаџмент. Тие имаат долгогодишно искуство во управување со јавни проекти, транспарентност, борба против корупцијата и создавање стимулативна деловна клима.  Области каде Македонија може значително да напредува со стручна поддршка и партнерство.  Важно е да се потенцира дека ваквиот договор може да донесе нови работни места. Зголемени странски инвестиции и долгорочен економски бенефит.  Останува да ги видиме конкретните детали. Динамиката на имплементација и механизмите што ќе го следат партнерството. Но, доколку се реализира со вистинска политичка волја и стратешки пристап, овој договор може да биде вистински чекор напред во меѓународниот имиџ и економската иднина на Македонија, вели Миноски за МИА.

Извор: Миа