Во Крива Паланка е измерен 1 степен, 3 степени во Виница, Битола, Крушево, Тетово и Куманово, 4 во Скопје, Прилеп, Берово, Охрид и Штип, 5 степени во Претор и Струмица, 6 во Демир Капија и 7 степени во Гевгелија.
Според мерењата во 7 часот утрово, најмногу дожд во 24 часа е наврнат во Берово, 11 литри на квадратен метар, 7 во Пожаране, 5 во Охрид и Маврово, 4 литри воден талог има во Попова Шапка и Лазарополе, 3 во Тетово, Виница и Крушево, 2 во Дојран, Струмица, Ѓуриште и Претор и 1 литар на квадратен метар во Куманово, Гевгелија, Скопје – Зајчев Рид и Крива Паланка.
УХМР информира дека претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови и со слаб до умерен ветер од северен правец поизразен од изутрина и претпладне долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал 8 до 14 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде умерено до значително облачно со повремено умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ветерот ќе ослаби. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.