Директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, остро реагираше на обвинувањата од Левица по ТВ дуелот меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје, тврдејќи дека прашањата биле целосно објективни и нема никакви „наместени“ теми.

„Во психологијата се нарекува митоманија, во мојот неологистички свет – политичка бижутерија, а најчесто лицето се нарекува манипулатор или лажовчина! Упорно 10 дена, пред и после ТВ дуелот со мене на Канал 5 ТВ, манипулираш и лажеш дека прашањата биле нарачани односно биле претходно подготвени и подметнати, а емисијата била наместена и исценирана а се со цел фаворизирање на Ѓорѓиевски“.

Вака, Мирчевски, одговара на низата напади од Левица на кои јавноста е сведок по ТВ дуелот меѓу кандидатите за градоначалници на Скопје, кој тој го водеше.

-Митоману, ЈАС не стоев пред Правен Факултет кога Амар одеше на полаѓање и не му попречував да учи и да полага и да остане со 7 положени испити. ЈАС не го подучував да ја манипулира и лаже јавноста дека е политиколог. Титулата “политиколог” се стекнува со 180 кредити, а не со 40тина. ЈАС не го советував да даде лажно CV во архивата на Собранието на Македонија кое е објавено на нивниот сајт ниту му шепнував да измислува во неколку претходни интервјуа. ЈАС не го прашав во вторникот кај мене во емисија: зошто ја манипулираш јавноста, туку тоа Амар си го изјави сам, шокирајќи ја целата јавност како и мене! Митоману, во елементарно демократски земји, ваква мас-измама и манипулација завршуваат истиот ден со оставка на носителот на јавната функција. Значи, најмалку што можеше да направи твојот пулен е да си замине од Собрание со забрана да работи некогаш во јавна институција! Никој нема ништо против “среднистите” како Амар, многумина имаат против што вашата упорно повторувана лага сакате ние да ја “купиме” како наша слабост, односно наша љубомора на успехот на Мециновиќ???!? Ова е болно до бесвест, пишува Мирчевски.

Тој најави тужба и против сопругата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, која вели дека го клевети по телевизискиот дуел.

Мирчевски објави и ЛИНК СО ПРАШАЊАТА.

-Еве ти линк од моите прашања од ТВ дуелот, и дај и го и на твојата сопруга, која заедно со тебе дебело манипулира и ме клевети, за што ќе попие иста тужба како што попи и ти…за да ги видите на суд “наместените” прашања. Јадно, пишува тој.

По ТВ дуелот кој Мирчевски го водеше, Левица очигледно се соочи со реалноста дека нивниот кандидат за Скопје во ниту еден сегмент не може да му парира на неговиот противкандидат, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Сакајќи да најде “виновник“ за поразителниот настап на Мециновиќ, Левица од сите страни распали и по Канал 5 и Мирчевски, што директорот не дозволи да остане неодговорено.

Вака Мирчевски ја разобличи Левица и нивните обиди за манипулација на јавноста.

Извор: Курир