Познатиот македонски музичар и основоположник на PMG production се наоѓа на една од скопските клиники каде се бори за живот. Како што дознава Музика24, тој доживеал тежок облик на мозочен удар.

Инаку, Мирко Попов е роден на 15-ти октомври 1972 година во Скопје и е еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика.

Од 2008-та до 2010-та година бил и главен и одговорен урeдник на Канал 103. Во 1993 година ја формира Прогресивната Мултимедијална Група (ПМГ Колектив) во 1995 година од Мирко Попов и Александар Малевски, како манифест на акцијата која треба да го победи незадоволството од актуелната состојба.

Колективот на Радио Лидер му посакува брзо опоравување на Мирко Попов.