Филип Миркуловски го одигра последниот натпревар во дресот на Македонија. Се прости на најдобар можен начин, со победа и со пласман на Македонија на Светското првенство.
Миркуловски по мечот кажа дека му било чест што играл за Македонија, и секогаш го давал максимумот.
-Ми беше чест, секогаш сум го давал максимумот во репрезентацијата. Јас кога започнав со репрезентација, беше тешко, игравме предквалификации, квалификации. Овие генерации имаат можност да играат на европски, светски првенства и да се градат со натпревари со најсилните. Имаме наследство за понатаму, да се градат преку СП и Европски првенства, а не како ние преку квалификации. Има доста добри ракометари оваа генерација и мислам дека ќе направат голема кариера. Дај Боже да направат поголема кариера. Тоа ќе биде многу моја желба, рече Миркуловски.