Мирен протест за поддршка на обвинетите во Хаг
Денеска во Скопје се одржа мирен протест за поддршка на поранешните команданти на ОНА кои се соочуваат со обвиненија во Судот во Хаг за воени злосторства. Станува збор за поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, поранешните претседатели на Собранието Јакуп Красниќи и Кадри Весели, како и поранешниот пратеник Реџеп Селими, кои се во притвор од 2020 година.
Присутни од Македонија, Косово и Албанија
На протестот во центарот на Скопје, покрај Албанци од Македонија, присуствуваа и граѓани од Косово и од Албанија. Се приклучија и градоначалници, како и поранешни соборци на обвинетите. За време на собирот се вееше албанското знаме, се носеа транспаренти и амблеми, а присутните скандираа „УЧК“.
Сепак, лидерот на ДУИ Али Ахмети доживеа фијаско. На протестот присуствуваа само 2000 луѓе, далеку помалку од очекувањата.
(ФОТО) АЛБАНЦИТЕ МУ УДРИЈА ШАМАР НА АХМЕТИ: Само 2 илјади луѓе на денешниот протест за УЧК
Пораките на Ахмети од плоштадот
Организаторот на протестот, лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој претходно собирот го најави како „национална должност“, пристигна на плоштадот придружуван од членови на партиското раководство. Во своето обраќање тој истакна дека поранешните команданти се „борци за слобода“ и дека судскиот процес против нив претставува неправда. Според него тоа ја навредува целата албанска заедница во регионот. Ахмети порача дека процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда и нагласи дека денешниот протест не е насочен против државата Македонија, посочувајќи го, како што рече, придонесот на обвинетите за стабилноста, мирот и иднината на државата.
