Поранешниот претседавач на совет на општина Центар, Мирослав Шиповиќ го нарече Андреј Жерновски „несреќа“ и откри една тајна од локалните избори во 2013 година кога Жерновски стана градоначалник на Центар по три круга гласање.
Тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше обвинето дека намерно ја исклучила струјата во зградите за да не можат постарите жители да ги користат лифтовите и да излезат на гласање.
Но Шиповиќ тврди дека не било така. Дека тие ги закочиле лифтовите и го набедиле ВМРО-ДПМНЕ за да може да победи Жерновски.
