На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изгласаа одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Ѓорче Петров и Град Скопје. Со одлуката се предвидува партерно уредување и озеленување помеѓу реката Лепенец и прочистителната станица во општина Ѓорче Петров, односно изградба на мега парк кој што ќе биде за сите жители на општина Ѓорче Петров, истакнува Славче Мисајлески, советник во Советот на општина Ѓорче Петров.

-Ова е значаен чекор за нашата општина бидејќи просторот од 30.000 метри квадратни кој што беше до скоро дива депонија, сега станува парк, со многу модерни содржи за спорт и рекреација.

Со ова скопјани ќе добијат ново место за рекреација. Вредноста на оваа меѓуопштинска соработка изнесува 68.5 милиони денари, при што Град Скопје учествува со 67 милиони денари, а нашата општина со 1,5 милион денари.

Продолжуваме да го реализираме она што го ветивме пред граѓаните во предизборието. Во завршна фаза е уредувањето на локалитетот Крст во Кучково при што ѓорчевци и скопјани за многу брзо ќе можат да уживаат во новите содржини.

Покрај тоа, во тек е и градежна офанзива со која се врши асфалтирање на над 20 улици во општина Ѓорче Петров, со што жителите ќе добијат соодветни услови за живот.

-Сето ова го реализираме во првите 8 месеци од нашиот мандат. Во текот на летото продолжуваме со започнување на реализација и на останатите ветени проекти, истакна тој.