Безбедносната ситуација е стабилна, засега нема простор за загриженост. Постојано се следи и состојбата со терористички структури од регионот, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски. Од друга страна, смета дека ситуацијата во Либан, каде што имаме тројца мировници, е многу загрижувачка и дека ќе влијае и на Македонија и на Евопа и затоа е потребно дипломатско решение на конфликтот.

Остануваме 4-ти НАТО контрибутор за Украина и ќе испратиме нова воена и хуманитарна помош, најави Мисајловски. Одлуката наскоро ќе се разгледува на Влада.

Продолжуваат вложувањата во модернизацијата, опремувањето, инфраструктурата и условите за работа на припадниците на Армијата.

Воениот буџет за 2025-та година ќе се зголеми и ќе изнесува 2,4 проценти од БДП.