Сум бил многу пати тука на терен каде се гради автопатот Кичево-Охрид, ама се работело многу, и последен пат кога бев кога се работеше имаше околу 1200 работници и околу 500 машини. Сега може да видите машини паркирани, нема многу работници. Тоа значи дека не се работи, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата Инфраструктурна платформа за иднина на тема Концепт за инвестиции во инфраструктурата која се одржува во Кичево.
Мисајловски се осврна на една приказна од деновиве.
„Еден познат градежник кој работи на овој проект кога го прашав како одат работите ми рече многу лошо и ми рече дека нема да се заврши во наредни две години. Бидејќи никој ништо не работи. Има еден куп проблем, никој не ги решава, никој не работи. И знаете што е најголем проблем договорот е истечен, нема договор, рокот е истечен и се работи под пенали, значи ќе се плаќаат дополнителни средства, а сите молчат. Тоа значи дека има многу корупција, така ги водат работите и тоа мора да се смени“, рече Мисајловски.
Потпретседателот Мисајловски посочи дека власта има условно кажано два проекти кои, но има и многу лаги.
„Во лагите се, кога ветуваа живот и илјада километри автопати, ветија илјадници километри регионални и магистрални патишта, експресни, но ветија и илјадници километри локални патишта. Но, ништо не направија, дури ги кочеа општините каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. По два проекти ќе бидат запаметени и треба да ги пофалиме или видовме одличен чочек стани Благој да те види сала. По тоа ќе бидат запаметени, Во седум години нема ниту еден километра автопат. Претседателот спомена дека до крајот на годината они ветиле ќе го завршат Скопје Блаце два километри не можат бидејќи ќе им се даде црвен картон“, кажа Мисајловски.
Мисајловски додаде дека ќе бидат потребни и многу средства за одржување на патиштата.
„Но, инфраструктурата не се само автопатите, експресните патишта. Тука се болници, училишта, градинки, сали, бидејќи тоа се прави паралелно, и патишта и објекти. Секоја држава мора да вложува. Проблем е сега што има многу корупција и ние не сме против проекти, туку против корупција при изработка на проектите“, рече Мисајловски.
Мисајловски укажа и како се стигнува во Европа, односно како Европа се носи дома.
„Знаете како се носи Европа дома, кога ќе направиме улици за секој еден дом, кога ќе направиме канализација и вода за секој еден дом. Тие 250 милиони евра од коридорите 8 и 10д кои ги потрошија за ништо се директна каписла за секоја една општина, за секоја една улица како да се помогне за цела Македонија“, заклучи Мисајловски.