Ја побаравме довербата од граѓаните на Гази Баба пред десетина месеци и убедливо бевме наградени со победа тука во Гази Баба, но и во цела Македонија. Не застанавме ниту еден ден и докажавме дека кога чесните, работливите и луѓето кои си ја сакаат општината и државата ќе добијат доверба истата ја оправдуваат.
Ова го истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет даваат масовна поддршка за референдумот што треба да се случи.
Проблемот треба да биде решен во неговата суштина и затоа бараме да се слушне гласот на народот за да продолжиме заедно на вистинскиот патоказ.
Затоа ја повикуваме власта да се охрабри и да се организира во ист термин референдум и предвремени парламентарни избори, па народот да одлучи кој е за горда и достоинствена Македонија, а кој е за понижена и погазена.
Да Живее Република Македонија, порача Мисајловски.