-Втора главна точка е актуелната политичка ситуација, случувањата што беа во Собранието, се разбира и она што ние го бараме како брзи парламентарни избори и нашето делување во иднина. Ние постојано велиме дека во ова мочуриште во Македонија, каде што секој граѓанин веќе знае дека се киднапираат пратеници за да се одржи едно мнозинство, фигуративно кажано, бидејќи знаете дека го немаше едниот пратеник цел ден, но можеше тој пратеник само сабајлето да пријави отсуство и немаше да дојде на седницата и ќе немаше она мнозинство кое ние го планиравме, но сепак одлучи на некој ваков начин да се случи како во некои јужно-американски земји каде што гледаме дека со ливчиња читаат позади на бел ѕид и кажуваат што ќе им се случува, какви закани имаат, наеднаш го виделе европскиот пат и сето тоа во Македонија се случува како една голема трагедија, пак ќе кажам, трагедија и циркуз. Затоа и нашиот претседател се извини на сите граѓани затоа што мора секој еден да го гледа тоа, но ние мора да продолжиме да живееме во реалноста, рече Мисајловски
Тој додаде дека ќе ги следи сите активности што ќе се случуваат, но се надева дека СДСМ ќе си останат на зборот дека ќе поднесат оставка, а Заев час поскоро ќе си замине, а ВМРО-ДПМНЕ со сите демократски алатки ќе бара избори, тоа е решение за овој период.