Почитувани граѓани,
Денеска го славиме Денот на македонската независност, ги славиме единството, силата и издржливоста кои не дефинираат како народ и како држава.
Со должна почит им се поклонуваме на сите кои се жртвуваа за нашата слобода и независност, за нашиот суверенитет и територијален интегритет.
Сплотени со јасна визија и решителност остануваме посветени на нашите вредности и заложбите за мир, економски напредок и европски просперитет на нашата држава.
Нека ни е честит Денот на независноста, 8ми септември!
Нека ни е вечна и вековита Македонија!