Над 15.000 потписи до 12.00 часот. Благодарност до нашиот убав македонски народ за големата поддршказа идната претседателка Гордана Силјановска Давкова! Напиша на својот Фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Инаку за потсетување од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека за рекордни четири часа беа собрани повеќе од 15.000 потписи за кандидатурата на професорката Силјановска Давкова, која вчера официјално на Конвенција беше избрана за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ.