Реалноста е многу тешка и нема одговорност и тоа е најголемиот проблем. Одговорноста се бара кај власта, а не надвор од неа. Тие велат дека ќе се справат со криминал и корупција а делуваат надвор од својот круг да бараат нешто што го нема, а внатре најмногу што го има не делуваат, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајлчовски, потенцирајќи дека народот веќе гледа со одбивност кон оваа власт.
Во врска со изјавите на Ковачевски дека не подлегнувал на закани и уцени за предвремени избори, Мисајловски истакна дека барањата од народот не може да бидат закани, туку легитимно право за подобар живот, подобри мерки, излез од кризата.
-Кога беше францускиот предлог многу луѓе излегоа на улиците и се уште се против, затоа што тој беше со бугарски диктат. Закана и уцена не е што ти бара народот, тоа е легитимно право. На секоја опозициска партија прва задача и е како да стигне до предвремени и избори. Закани и уцени ли се што има протести од студентите, од земјоделците, од работниците? И тоа ли се закани и уцени? Од нивната неспособност произлегува сето ова. Да имате добри мерки, добра економија, да имате добро справување со кризата, да имате добар систем, здравство, нема да дојде до ова, вели Мисајловски.
Мисајловски посочи дека закани чувствува народот кој секојдневно добива закани за бомби, се чувствува понебезбедно секој ден, а ниту владата, а уште помалку Пендаровски преземаат нешто да се справат со ситуацијата.
-Затоа што не му се безбедни школите, не се безбедни ни приватни згради, има дојави за бомби, а народот не верува дека овие може да се справат со било каква работа. Пендаровски во обраќањето во Собрание не кажа како прв човек одговорен за безбедноста како ќе се справи државата со безбедносните ризици и не кажа како ќе биде подобро. Но пробува да се додвори до СДСМ и ДУИ за утре да може да биде кандидат за претседател. Сите овие личности се во иста каша. Разочаран бил од корупција, судство, ама не мрда со прст, рече Мисајловски.