Многу е важно ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со оваа акција која ја нарекуваме „Ова е Македонија”, да ги кажеме нашите размислување за сите теми кои се моментално актуелни, но и да искритикуваме што централната власт апсолутно не прави ништо во ниту едно населено место, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски од Чучер Сандево во акцијата „Ова е Македонија за сите”.

Мисајловски истакна дека во Чучер Сандево СДС и ДУИ ја имаат и локалната и централната власт но ништо не направиле за жителите.

Тука во Чучер Сандево ја имаат целата власт и локална и централна власт, и можеме да видиме дека ниту едно камче не е мрднато, а ниту пак планираат да направат нешто за оваа општина. Во ако ги слушните нивните изјави устите им се полни со ЕУ реформи, со нивни размислувања како ќе ја однесат Македонија во ЕУ, но може да видиме еден куп штетни договори и еден куп лаги и нетранспарентни процеси, рече Мисајловски.

Мисјаловски се осврна и на договорот со Бехтел и Енка, и потенцираше дека жали што владејачкото мнозинство не увиде дека станаа антиевропски пратеници бидејќи и самата европска делегација во Скопје се изјаснила дека овие закони не смеат да се носат со европско знаменце.

Можевме да видиме дека со европско знаменце на сила го поминаа оној фамозен договор за Бехтел и Енка каде што за прв пат во историјата во било која влада се носи ваков специјален закон каде што нема да важат законот за градење, законот за урбанистичко планирање, законот за експропријација и многу закони нема да важат бидејќи тие така решиле, посочи Мисајловски.

Жалам што овие пратеници не увидоа дека станаа антиевропски пратеници бидејќи самата европска делегација кажа дека овие закони не смеат да се поминат со европско знаменце, објасни тој.

Мисајловски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со средбите со граѓаните, како и дека новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди иднина за сите граѓани на Република Македонија.

Ние ќе продолжиме да се среќаваме со народот и да разговараме за сите теми кои што народот го тишти и се разбира да нудиме решенија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ многу наскоро ќе ја води и новата влада и тогаш ќе има една подобра иднина за сите граѓани во Република Македонија, порача потпретседателот Мисајловски.