Да направам споредба со неколку други автопати и слични договори за автопати. Првата дилема е зошто овој закон за стратешки партнер беше разгледувам во комисијата за финансирање и буџет каде што му е матична комисија а денска гледаме дека сите закони се ставени со европско знаменце. Се поставува прашање дали пред неколку месеци сите овие закони беа неевропски и зошто сега на овој начин мораа да добијат европско знаменце за да се поминат. дали по овој договор постои транспарентност, апсолутно не. Ова е нај нетранспарентниот процес а станува збор за најкрупниот проект во историјата на Македонија, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната собраниска седница.

Мисајловски истакна дека никој не знае какви меѓународни правила на изградба ќе има овој договор за коридорите, а оваа власт 6 години нема ниту еден проект, и сега на брзање ги заобиколува сите меѓународни стандарди и сакаат да градат и да го суспендираат законот за градење.

-Споредба со компанијата „Актор“ за автопатот Демир Капија-Смоквица, никој не знае какви меѓународни правила на изградба ќе има овој договор, оваа власт 6 години нема ниту еден проект, и сега на брзање ги заобиколува сите меѓународни стандарди и сега сакаат да градат и да го суспендираат законот за градење. Со ова се задира во уставниот поредок на државата, нагласи Мисајловски.

Пратеникот Мисајловски нагласи дека ваквиот начин на носење на закони за коридорите ќе отвори пандорина кутија во иднина а покрај тоа и целата фела е против, коморите се против, и сите бараат јавна дебата а владата бега од јавна дебата.

-Како е возможно антикорупциска да го добие договорот, да го гледа а ние пратениците да не можа да го видиме договорот. Ниту медиумите го имаат ниту фелата го има никој го нема. Ова ќе остане црна дамка во историјата на Македонија и ќе се отвори пандорина кутија во иднина да се носат вакви закони за многу различни теми. Зошто овој закон не се разгледува во комисијата за финансирање и буџет, нели е овој транспарентен процес? Целата фела е против нема комора што не е против, сите бараат јавна дебата а владата бега од јавна дебата, нагласи Мисајловски.