Министерот за одбрана Владо Мисајловски гостуваше во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ. Тој се осврна на трагичната несреќа од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде се навршува една година од истата. На прашање дали болката прекинала министерот Мисајловси децидно одговори.
-Не, нема никогаш да прекине болката, сочувство до фамилиите до роднините навистина тешко за говорење, јас имав можност да бидам дел од Меѓународната конференција каде што се разговараше на оваа тема и тоа доста доктори, доста луѓе што помогнале но и многу луѓе што дадоа предлози. Во иднина секоја, трагедија, би рекол секоја случка која ќе биде поврзана со криза, како подобро да се дејствува, што ќе биде од сето ова и поука, знаете дека во кризни моменти како поинаку се реагира, поинаку работи свеста, рече министерот Мисајловски.
Мисајловски истакна дека сака да се заблагодари и тоа го сторил кон Армијата, бидејќи дала навистина премногу.
-Тој период секој ден, уште од првите часови веднаш излезе на терен и во наредните деноси се разбира помагавме колку што можевме како Армија и навистина една голема мобилизација каде не можете да вратите ни еден млад човек, тоа е трагедија и навистина ми е тешко кога говорам, потенцира Мисајловски, и додаде дека:
-Благодарен сум на сите херои би рекол, на Армијата, на сите униформирани лица, на болничарите итн. и благодарност за она што го направија.
Како се сеќева на Министерот на првиот момент за трагедијата и како беше вклучен во санирањето на последицита тој даде свое видување.
-За жал имав можност да гледам и млади деца и слики, видеа, но во тој момент сепак сум Министер за одбрана, стигаа до мене многу различни видеа, глетка што никогаш нема да ја заборавам, најтешката ноќ во мојот живот. Во првните неколку минути кога дознав веднаш отидов на работа и се оформи Кризен штаб и од страна на Армијата и од страна на министерството во мојот кабинет се отвори првиот Кризен штаб, потоа се префрли на Единиците од различна команда. Веднаш секој еден штом можеше да допринесе, и допринесе се вратија многу луѓе на работа, но она што најголем конциз беше тоа што многу хелихоптери, авиони кои ние дирекно ги менаџиравме како Министерство, Армијата, генерали, нагласи Мисајловски.
Извор: Курир
