Едно и пол годишно дете од Радовиш е хоспитализирано во Штип откако дома испило таблети. Случајот во полиција го пријавиле од Итната медицинска помош во Радовиш.

Таткото на детето пред лекарите изјавил дека се сомнева оти неговото дете проголтало таблети. По укажаната прва помош во Радовиш, детето било пренесено во Клиничката болница во Штип, каде што добило соодветен третман.