Минатата недела Министерството за здравство извести дека од непозната болест починале десетици луѓе во областа, која е една од најтешко погодените од неодамнешните поплави.
Локалниот здравствен службеник изјави дека првиоте примероци собрани на тоа подрачје дале негативни резултати на тестовите на колера.
– Одлучивме да испратиме тим за брза реакција да одат и да извршат проценка на ризикот и истрагата. Тогаш ќе се соберат примероци од заболени луѓе, но добивме бројка дека има 89 смртни случаи, рекла Шејла Баја за Би-Би-Си.
Таа додаде дека до областа Фангака не може да се стигне по копно поради поплавата и дека тимот чека хеликоптер за да ги врати во главниот град.
Во пограничната провинција Унити, силните поплави предизвикаа ширење на болести како маларија и доведоа до неухранетост на децата поради недостиг на храна.
Поплавите на северот на Јужен Судан целосно ги отсекоа овие делови, кои поради тоа немаа пристап до залихите на храна и други производи неопходни за живот.
Повеќе од 700.000 луѓе се погодени од најлошите поплави во земјтата во последните 60 години, објави агенцијата УН за УНХЦР, обвинувајќи ги климатските промени за таквата ситуација.