Митаракис додаде дека „исто така, е неуспех на Заедничката декларација, кога секое лице за кое се смета дека не ги исполнува критериумите за меѓународна заштита не може да се врати во Турција“.
Тој истакна дека Европската Унија се соочува со мигрантски притисок на внатрешните и надворешните граници и „ова ја прави уште поактуелна дискусијата за нов договор“ за миграцијата, но и дека треба да се најде европско решение.
– Мигрантскиот притисок не е предизвик само за земјите во првите редови, туку и за Унијата во целина. Треба да обезбедиме еднаква и праведна поделба на товарот меѓу земјите членки. Но, не смееме да влеземе во фаза на неактивност, чекајќи го новиот договор. Треба да очекуваме Европската унија да направи многу повеќе за прашањето на надворешната димензија, во заштитата на европските граници и враќањето на оние кои не ги исполнуваат условите за меѓународна заштита, нагласи Митаракис.