Репрезентацијата на Македонија загуби во 2. коло од групната фаза на Светското првенство 2025 од Холандија со 37:32 (18:15).
Еден од нашите репрезентативци Марко Митев, го коментираше денешниот пораз, но и го искажа и незадоволството од делењето на судиската правда.
,,Холанѓаните беа екстра брзи, пробавме да влеземе во нивниот ритам. Ние се држевме до 20-та минута, но потоа фокусот ни падна. Во второто полувреме добро отворивме, имавме неколку шанси да се вратиме, но за жал не ни дадоа двајцата судии, па може да се каже дека Македонија загуби од Холандија со помош на Данска. Последните десет минути од првото полувреме беа решавачки , тука го изгубивме нашиот фокус и тука ривалот ја направи клучната разлика.Требаше да го успориме нивниот ритам, да имаме подолг напад, но не успеавме, не прекинуваа постојано. Судискиот критериум беше преригорозен, повеќе судеа на нивна страни, ние имавме многу исклучувања, тие само 4-5, нема за што да зборувам повеќе за судењето”, изјави Митев по натпреварот.
Македонија во последното коло од групната фаза за ривал го има тимот на Гвинеја, а нашите репрезентативци се фаворити на оваа средба.