Митева порачува:
-Постапката за избор на наставник ментор е комплетно нетранспарентна од неколку причини, и тоа: Најпрво, низа неправилности има во бодувањето на кандидатите кои како за наставник ментор, се отворија и сомнежи дека некои од досиејата биле отворани предвреме и истите биле подоцна преоценувани; Второ, информација за избор добија само избраните кандидати, никаде не можеше да се најде целосна ранг листа на сите кандидати кои аплицирале, а дополнително на кандидатите кои не беа избрани и побараа увид во бодувањето, истото не им било овозможено.
МОН го објави, па го сокри изборот на ментори во училиштата.За тоа има неколку причини, но најголемиот доказ е токму во училиште во општина Карпош каде беше избран кандидат којшто го пишуваше во онаа пресретната партиска листа каде кандидатите за наставници ментори се оценувани за партиска подобност. До името и презимето на наставникот стоеше кратко, недвосмислено објаснување “наш/а е” или “има книшка”. Ова е факт дека оценката за подобност Царовска и СДСМ ја формираат согласно партиската определба, а со тоа изборот е далеку од регуларен.
Дополнително, срамно малите, ниски плати на наставниците ја покажуваат вистинската желба на СДСМ за развој и унапредување на образованието. Со 2.000 денари покачување на платите на оние кои треба да ја спроведуваат реформата не се постигнува ефект во образованието.
Потсетувам дека ВМРО-ДПМНЕ понуди и повторно нуди повисока плата за наставниците како мотив за нивната работа, достојна за нивниот труд кој го вложуваат. Платата на наставниците треба и ќе биде според Колективниот договор, ќе има израмнување и таа ќе изнесува 36.000 денари.
Време е образованието да го добие заслужениот третман, време е да ставиме крај на погрешните политики