На 20.01.2020 година Петре изјави:

– „Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како ваш градоначалник.“

Но, одговорноста ја нема, денес имаме утврдени “нови” неправилности…Во процедурите за издавање на А-интегрирана дозвола за одложување опасен отпад на ЈП „Дрисла“ учествувал и Инспекторатот за животна средина. И ова граѓаните го дознаваат само неколку часа откако Шилегов и Петровска станаа противкандидати за Град Скопје. Додека коалицираа, како што кажа денес Петре, имале многу добра соработка. Може да се постави и контра тезата дали ова е нивна нова игра…

Нејсе, „Дрисла“ загадува и дишеме загаден воздух поради согорувањето на отпадот кој што е складиран, а Шилегов молчи. Загадувањето во главниот град и натаму е сериозен проблем за сите нас! Се почитуваат ли законите и стандардите кои треба да бидат во согласност со европските регулативи?,напиша Митева