Талат Џафери го повлече законот со кој треба да се казнат сите оние функционери и бизнисмени на владата на СДС и ДУИ, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ откако Владата неочекувано го врати Законот за рестриктивни мерки, наводно од административни причини.
Што и објаснија од ДУИ на стратешките партнери за законот за црните листи? Дали можеби се смета дека ова не е европски закон? Зашто лажната европска коалиција на ДУИ и СДС се плаши. Тие треба да одговорат на овие прашања. Иднината што ја нуди СДС е иднина во која македонската партија е измеќар во владата и слепо служи на овие криминалци од ДУИ-смета портпаролот Марија Митева.
Со измените на Законот за рестриктивни мерки американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.
Овој закон предвидуваше Овие закони предвидуваат воведување црни листи и одземање на имот за кој ќе одлучува владата а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството.
Уште се предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда.