-Кризата со снабдување со топлинска енергија е четвртата криза која е реалност заради лошото владеење на СДСМ. Граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за парно греење и струја затоа што власта е неспособна да изнајде решение. Неспособноста на СДСМ сега граѓаните ја плаќаат преку буџетот. Снабдувањето со електрична и топлинска енергија е доказ дека економскиот и енергетскиот тим на СДСМ нема идеја и нема план како да се справи со кризите кои сами ги создадоа, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните од овој месец ќе плаќаат по 500 до 800 денари повеќе за струја и парно засебно. Тоа се 1000 до 1600 денари зголемен трошок само за овие две работи по домаќинство. Инфлацијата веќе неколку месеци го јаде буџетот на граѓаните. Цената на парното греење ја одредуваат вршителите на јавни услуги – снабдување со топлинска енергија, а цената ја регулира РКЕ, додека владата е единствен субјект кој што може да влијае снабдувачите да добијат поевтин гас. Но СДСМ не е способна пред се да предвиди каков ценовен шок ја очекува Македонија со енергенс како гасот, а дури потоа да предвиди кои мерки се оправдани за неутрализирање на кризата. Ваквата неспособност на СДСМ секојдневно го намалува стандардот на народот.

Поради недомаќинското работење на власта сме на раб да останеме без топлинска енергија. Доколку навреме се справуваа со енергетската и топлинската криза и ако владата работеше одговорно, ваков ценовен шок граѓаните немаше да доживеат.

Почитувани, повторно прашуваме:

-Зошто Владата дозволи да се прогласи кризна состојба со снабдување на топлинска енергија кога цената на гасот како енергенс може да се предвиди? Зошто Владата на СДСМ не успеа да обезбеди гас по ниска цена како што тоа го направија и останатите земји од регионот и светот? СДСМ е должна да одговори и да понесе одговорност затоа што по зголемената струја за 15% и зголемената цена на парното за 14% истото е на штета на граѓаните и Владата залудно манипулира дека успешно се справила со предизвиците кои всушност истата оваа влада ги создаде, рече Митева.