– Поставените плочки на кејот се веќе уништени и скоро секоја втора плочка е испукана. Согласно тендерската документација, поединечната цена на плочките за партерното уредување од неколку стотина метри зависи од видот на плочка која е опишан како тип 1,2,3,4 или 5. Согласно сликите од тендерската документација можеме да заклучиме дека испуканите плочки се тип 1 и овие плочки чинат 3,700 денари квадратен метар. Ова се цени кои не содејствуваат со реалните цени ниту соодветствуваат со квалитетот. И најверојатно за неколку години повторно ќе се раскопува кејот со цел негова реконструкција, а вртоглаво високите поединечни цени во тендерите ќе останат, посочи МИтева.
Според неа, Шилегов е во обид да створи предизборна перцепција дека Скопје има нови проекти, но истите резултираат со бетонирани дрва од една страна и распукани плочки од друга страна.
– Но, Шилегов треба да биде свесен дека перцепција не се гради неколку месеци пред избори и тие скапи проекти имаат краен ефект, а тоа е рушевина. Она што го отсликува Шилегов е инфраструктурна стагнација, импровизација и лоши проекции за развојот на градот, рече Митева.