-Овој нов концепт и нов договор пред се значи заедништво, ценам дека во моментов е важно како ќе го постигнеме тоа и на кој начин, ако велиме дека потребно ни е заедништво, тогаш потребни ни се политики кои нема да разединуваат, туку ќе обединуваат и нема да го полнат општеството со тензии коишто ќе бидат општествени токсини, порача Митева.
Митева вели дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која има отворени врати за сите етникуми во Македонија со новиот договор сака да наметне реални политики и проекти за сите граѓани, но и да обедини.
Митева посочи дека нема реални политики без почитување на законите, а кога станува збор за меѓународната политика, односно прашањето за преговорите со Бугарија, вели дека почитувањето на резолуцијата за националните интереси изгласана во македонското Собрание е знак на прашање дали истата ќе биде почитувана од новиот премиер.
-Резолуцијата којашто ја донесовме во Собранието беше доказ дека сите општествени чинители се согласија со истата и ја изгласаа, ќе си дозволам да кажам дека овој харвардски премиер од соседството ќе ја почитува сопствената декларација донесена таму, но се прашувам дали овој премиер тука исто со харвардско образование ќе ја почитува оваа резолуција донесена во македонското Собрание ? – праша Митева на денешната трибина.