На денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева беше запрашана од медиумите кој е ставот на партијата околу најавеното ново покачување на цената на струјата преку нов модел кој го утврдува РКЕ.

-Граѓаните ги очекува нов ценовен шок, од владата како награда и ќе следи драстично зголемување на цената на струјата за над 20%. И тоа е резултат на неспособноста на власта која наместо за тендери изминативе години во РЕК Битола, требаше да врши ископ на јаглен и да произведува електрична енергија. И цената за ваквото неодговорно однесување денес ќе го плаќаме ние граѓаните со енормно високи сметки за струја, а притоа во една ваква ситуација владата континуирано се противи на покачување на платите на работниците, истакна Митева.

Таа додаде дека неспособноста на власта ги чини граѓаните скапо, и затоа ВМРО-ДПМНЕ континуирано нагласува дека предвремени парламентарни избори се потребни час поскоро. Македонија со оваа власт не оди напред.