-Стојам зад тоа, со целиот свој професионален начин на делување од почетокот и ќе е остане така до крајот! СДСМ ги гледа функциите во државава како начин за печалење пари, за криминал, јас пак бев силно уверена дека ќе го извадам криминалот на ЈП Водовод на виделина, ќе и образложев на јавноста како се склучувале договори за изградба на водоводна мрежа на Варшавска и.т.н …,додава таа.
-Но ќе дадев и свој личен пример како со домаќинско работење се доаѓа до успех. Но, нема да им го пружам задоволството на СДСМ да си држат пресови со намера да фрлат црна дамка на мене, затоа се заблагодарувам на довербата, но барам предлогот за мене да биде повлечен. А кој и да биде член на управниот одбор јавно го повикувам да ми ги каже криминалите, па јас ќе продолжам на прес!!!
Јавните претпријатија ќе бидат првиот доказ за тоа во каква була ја однесовте Македонија!, пишува Митева во својата објава.
Митева: Во мојот начин на делување немало двојни принципи, ниту ќе има во иднина
М
Во мојот начин на делување немало двојни принципи, ниту ќе има во иднина. Интегритетот е нешто кое нема цена!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.