-Градоначалниците на СДСМ срамно ги убедуваа граѓаните дека се најдобри, додека реалноста е сосема поинаква. Безредието и хаосот беа резултатот кој граѓаните го добиваа со најнеспособната локална власт на СДСМ до сега. Ова се европските вредности кои власта на чело со СДСМ се обидува да ги презентира пред граѓаните. Спротивно на вистинските европски вредности, четирите карактеристики на СДСМ се злоупотреба на функциите, недомаќинско работење, стагнација и уназадување. Заев, премиерот во заминување, ги лажеше граѓаните во предизборието дека може локалната власт да го продолжи својот пат кон европските вредности, за денес да ја манипулира јавноста дека тој е единствениот кој негува европски вредности. Заев како премиерот во заминување и неговата СДСМ имаат погрешна перцепција за тоа кои се и што значат европските вредности. Начинот на владеење на СДСМ со криминал, со лажни ветувања и киднапирање е далеку од секоја европска вредност, вели Митева.
Таа додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го зајакне капацитетот на општините, ќе овозможи економско закрепнување и со работа максимално ќе ги имплементираме сите иновативни и паметни решенија кои се во согласност со вистинските европски вредности.