Почитувани медиуми, денеска имаме свечено пуштање на пешачко-велосипедска патека во должина од 2.050 метри и ширина 3 метри. Пешачка патека која ги спојува двете најголеми населени места во општина Петровец, тоа е населеното место Петровец и населеното место Р`жаничино. Средствата во висина од 23 милиони денари кои беа за да се изгради оваа пешачка патека во целост се обезбедени од буџетот на општина Петровец, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна градоначалникот на општината Петровец, Борче Митевски.

„Ова пешачка патека е изградена пред се значи за децата, учениците наши кои учат овдека во ОУ „Кочо Рацин“-Петровец бидејќи знаеме колку е зголемен сообраќајот по регионалниот пат, тоа го ветивме и ние сме сведоци дека она што јас заедно со моите советници го ветив пред изборите дека ќе изградиме оваа пешачко-велосипедска патека, денес сме сведоци дека само за година и неколку месеци веќе е реализиран овој капитален проект за општина Петровец. Ќе продолжиме и понатаму да работиме, во интерес на нашите граѓани да ги подобриме условите, а вие како медиуми ќе бидете поканети повторно за некаде 3 до 4 месеци за уште еден капитален објект кај што ќе сечеме лента, тоа е новата општинска зграда во Петровец“, рече Митевски.