Откако и го откажа настапот на Јелена Карлеуша на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, сега градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вели дека размислува да го покани Ламбе Алабаковски.

-Деновиве сме во размислување кој пејач да дојде на нејзиниот место, бидејќи, сепак, концертот беше планиран за главната вечер. Можно е да е некој од балканот, а множно е и да настапи некој од Македонија. Можно е да биде Ламбе, Каролина и Калипои, размислуваме за нив. Но, засега ништо не се знае. Деновиве има време да се одлучи, па најверојатно во понеделник би се знаело, рече Јанчев за ММС.