Голманот на Порто Никола Митревски жали за двата негативни брана кои го одведоа натпреварот во друг правец.
„Се држевме егал одреден период, имавме 9-9, но потоа дојде серија на наши грешки. Потоа следеше уште еден бран на технички грешки и казни преку нивната брза транзиција.Мислам дека резултатот е превисок. Тие играа добра одбрана и реализираа брза транзиција. Дадоа многу лесни голови. Навистина е тешко да играш против таква корпулентна репрезентација. Едноставно е тешко да им се спротивставиш на играчи од таков калибар“, заклучи нашиот капитен.