ВМРО-ДПМНЕ повикува на поддршка: „Ова е последната станица каде СДСМ може да го фати возот“

Мицевски со пофалби за договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Тој влезе во инфраструктурно партнерство влезе во собраниска процедура и денеска помина на Комисијата за надворешна политика, по што ќе продолжи на разгледување на пленарна седница. Според Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, овој договор со Обединетото Кралство е од повеќекратно значење за државата.

„Само што заврши комисиската расправа за ратификација на договорот. Тој е историски чин“, рече Мицески.

Мултисекторски развој и милионски приходи

Како што посочи, договорот ќе овозможи стратешка позиционираност на Македонија, како и значителен развој во секторите инфраструктура, здравство, енергетика и наука. Мицевски најави и дека од реализацијата на проектите, државата ќе инкасира од 100 до 120 милиони евра годишно.

Обединетото Кралство ќе инвестира 6 милијарди евра во инфраструктура во Македонија

Тој ги наведе и некои од планираните проекти, како изградбата и реконструкцијата на железничкиот Коридор 10, нови здравствени и образовни капацитети во Штип, Тетово и Кичево, како и инвестиции во сајбер безбедност и дигитална трансформација.

„Договорот е транспарентен – нема што да се крие“

На обвинувањата за нетранспарентност, Мицески категорично одговори: „Договорот не е класифициран, сè е транспарентно“. Тој испрати и јавен повик до СДСМ и останатите политички чинители во Собранието да го поддржат договорот:

„Возот е тргнат. Ова е последната станица каде можат да го фатат. Немаме право да ја пропуштиме оваа шанса.“