ДУИ гласаше против намалување на прагот за независни кандидати, потенцира Мицевски

Пратеникот Никола Мицевски нагласи дека ДУИ гласаше против намалување на прагот за независни кандидати на локалните избори на 0,5%, иако амандманот од Левица беше поддржан од 8 пратеници, вклучувајќи ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и СДС. Со ова решение се пополнува правната празнина и се воспоставуваат јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначалници и советници од страна на група избирачи.

Во насока на регулирање на различните правни толкувања и недореченостите во постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи од независни кандидати, како ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери поднесовме измени на Изборниот законик со кои ќе се уреди врeмено оваа постапка која што претходно беше укината од Уставниот суд, напиша на Фејсбук пратеникот Никола Мицевски.

„Што за нас беше прифатливо и со 8 гласа ЗА (ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и СДС ) и еден ПРОТИВ (ДУИ) , амандманот беше прифатен. Чудно беше што иако се предлагачи, никој од Левица не гласаше за нивниот амандман?“ праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски.

„Со ова покажуваме дека во ова законско решение единствена цел ни е надминување на правните толкувања и правните недоречености и дека единствено важен ни е процесот, на еднакви услови за учество на сите заинтересирани граѓани на овие Локални избори“, додава Мицевски.