Премиерот сподели порака и видео од поменот за трагедијата во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку објава на својот фејсбук профил, упати порака за жртвите од трагедијата во Кочани. Тој посочи дека загинатите ќе останат трајно во сеќавањето.

Во објавата, премиерот се осврна на 63-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“.

63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано завршија, 63 светлини што никогаш нема да исчезнат од нашето сеќавање. Тие засекогаш ќе останат дел од нашите мисли, нашата тишина и нашето паметење,“ напиша Мицкоски.

Во истата објава, премиерот сподели и видео од поменот одржан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со видеото се прикажува одбележувањето на годишнината од настанот, на кој се оддава почит кон жртвите од трагедијата.

A