Мицкоски за годишнината објави на својот Фејсбук профил.
Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред. Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети, истакна Мицкоски.
