Опозицијата и медиуми блиски до неа не ја говорат вистината и се обидуваат да искривуваат. Јас кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она кое во иднина претставува посветеност лична и посветеност на ЕУ, мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот кој што следи, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање од пуштање во употреба на детска градинка во Теарце.

-Претседателката Фон Дер Лајен, како никогаш досега кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она кое што е посветено на приклучување на државата кон ЕУ. Така што, јас очекувам дека во периодот кој што следи, конечно ќе можеме сите ние да го интензивираме овој процес и да најдеме решение од ситуацијата во која се наоѓаме, рече Мицкоски.