Владиниот авион и политичките контроверзии околу него
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ја оцени опозицијата како „изгубена во своето политичко мочуриште“ додека ја коментираше употребата на владиниот авион. Тој истакна дека секој кој ја почитал процедурaта имал право да го користи авионот.
– Некаде треба да стигнете побргу и да се вратите побргу бидејќи имате обврски, а од друга страна имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште. Повторно ни криви ни должни го мешаат моето семејство. Моето семејство беше таму, им се придружив, наместо три останав четири дена и пред нив се вратив со шефот на моето обезбедување – рече Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, при што покажа лист од барањето за патувањето во Сплит.
Тој додаде дека опозицијата сега повторно ќе треба да се извинува бидејќи во неколку наврати биле осудени за клевета и лага.
– Во изминатите 20 месеци од опозицијата не слушнав ништо освен лаги и лични навреди. Ние како опозиција имавме политики кои ги нудевме како решение – потенцира Мицкоски.
