Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Скопје се сретна со Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, на која, како што посочи, се разговарало за унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија.
Хрватска останува наш важен партнер и пријател, а заедничките иницијативи ќе продолжат во духот на стабилност, просперитет и взаемна поддршка, напиша Мицкоски.