Премиерот уверува дека истрагата ќе биде целосна
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва увери дека јавноста ќе биде информирана за случајот со испраќањето на мозочни ткива од починати лица во САД, откако институциите целосно ја завршат истрагата. Тој потенцираше дека моментално не е време за шпекулации и дека се чека комплетно досие за да се соопшти точна информација.
„Чувствителни се информациите и не би сакал да излегувам со некомплетна слика. Претседател на Влада сум и кога ќе ја информирам јавноста треба таксативно и хрионолошки да биде наведено се. Институциите работат и се разбира дека истражуваат. Кога ќе имаме комплетно досие тогаш ќе излеземе во јавноста – дали ние, дали Обинистелството дали некои други институции. Сакаме да бидеме Влада која е транспарентна и ќе ја информираме јавноста“, рече Мицкоски во гостувањето на МРТ.
Премиерот додаде дека навременото и точна информација за случајот е приоритет, и дека јавноста нема причина за загриженост, бидејќи институциите работат професионално и транспарентно.
